Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каков вид на метал е антимонот и зошто е толку важен за воената индустрија?

/

пред 177 дена

Сподели преку :

Антимонот е сребрено-бел, кршлив металоид кој ретко се јавува во природата во чиста форма. До неодамна, тој беше еден од најзанемарените метали. Денес, тој сè повеќе станува клучна суровина.  Хемискиот симбол “Sb“ е изведен од латинскиот збор stibium, рудата во која антимонот најчесто се наоѓа во природата.

Иако е малку познат на пошироката јавност, антимонот е меѓу стратешки најважните суровини на модерното време. Затоа, тој е клучна суровина на 21 век за технолошки и за безбедносeн развој.  Оние држави кои немаат антимон, или го немаат во доволни количини, ризикуваат да заостанат во технолошката трка и да станат беспомошни во воената сфера.

Нема муниција без антимон

Антимонот игра важна улога во производството на батерии, индустрија која е во подем. Во воениот и одбранбениот сектор, антимонот е критичен материјал, бидејќи е потребен за детонатори, експлозиви, муниција што пробива оклоп, како и за инфрацрвени сензори и уреди за ноќно гледање. Полупроводничките соединенија како што е индиум антимонид (InSb) се основни материјали за модерните термовизиски камери и играат стратешка улога во електронското војување.

Уникатните својства ја поткрепуваат стратешката важност на антимонот

Стратешката важност на антимонот произлегува од единствената комбинација на неговите физички и хемиски својства. Со оглед на енергетската транзиција, антимонот добива дополнителна важност со која без високо-перформансно складирање на батерии, интегрирањето на обновлива енергија е тешко возможно. Антимонот би можел да игра клучна улога во новите технологии за складирање. Во исто време, побарувачката на одбранбената индустрија продолжува да расте, бидејќи современите конфликти сè повеќе се водат со високо-прецизни, електронски контролирани системи на оружје.

Европската Унија го вклучи антимонот на својата листа на критични суровини. Соединетите Американски Држави, исто така, го сметаат антимонот за стратешки незаменлив и го вбројуваат меѓу критичните минерали на Геолошкиот завод. Канада и Австралија, исто така, му обрнуваат поголемо внимание на антимонот отколку што тоа го правеле пред пет или десет години.

Која држава ги има најголеми наоѓалишта на антимон во светот?

Најголемите наоѓалишта на антимон во светот се во Кина. Се проценува дека само покраината Хунан содржи 50-60% од глобалните резерви на антимон. Не без причина, градот Ленгшуиџанг, каде што се наоѓа рудникот Сикуангшан, се смета за „светска престолнина на антимонот“.

И Русија има наоѓалишта на полуостровот Кола и во Сибир, но има и Боливија и Таџикистан. Помали наоѓалишта има во Австралија, Јужна Африка и Турција. Мјанмар (Бурма) доби на важност како производител на антимон во последниве години, но поради политичка нестабилност овој ресурс не е рационално алоциран. Иран во 2025 година откри 7000 тони антимон, па така тој сега поседува околу 10% од глобалните ресурси.

Антимонот во денешницата има огромно економско-политичко и стратешко значење кое не постоело во оваа форма во 19-тиот и 20-тиот век. Концентрацијата на наоѓалишта во геополитички чувствителни или нестабилни региони ја прави безбедноста на снабдувањето централно прашање за западните индустријализирани земји.

Т.Д.

Извор на фотографија: Социјални мрежи

Фирма на Австралиец со македонско потекло ќе вади критични минерали во кривопаланечко – договорот потпишан во Вашингтон

Американци ќе копаат антимон во кривопаланечко Луке