Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калас повикува на заеднички долг на ЕУ за одбрана

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, изрази поддршка за заедничко европско задолжување за финансирање на поголеми трошоци за одбрана, само неколку дена пред Минхенската безбедносна конференција.

Заедничкото задолжување би ги направило заемите поевтини за сите земји-членки на Европската Унија, изјави Калас во интервју за „Table Media“ објавено вчера.

Блокот веќе презеде заеднички долг за време на пандемијата на Ковид-19, а како и тогаш, Европа повторно се соочува со закана што го погодува целиот континент, рече Калас, која е меѓу најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин.

На 62-то издание на Минхенската безбедносна конференција, која почнува утре, се очекува да учествуваат повеќе од 60 светски лидери и околу 100 министри за надворешни работи и одбрана.