Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калибаф со фотографии од убиени деца во авион: Трагедијата во Минаб во фокус на мировните разговори

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Иранската државна телевизија објави видео на својот Телеграм канал на кое, како што наведува, претседателот на парламентот на Иран, Мохамад Багер Калибаф, гледа во фотографии од деца загинати во американски ракетен напад врз основно училиште во Минаб, Иран, на почетокот на војната.

Калибаф објави слични фотографии и на својот профил на платформата „X“, наведувајќи дека тие му биле „сопатници“ за време на летот кон Пакистан, каде што треба да се одржат разговори со Соединетите Американски Држави за ставање крај на конфликтот.

На објавеното видео се гледа како Калибаф набљудува четири портрети на деца, поставени на седишта во авион, при што до секое од нив има ранец и цвет. Прелиминарната истрага на американската војска за нападот посочува дека застарени разузнавачки информации најверојатно довеле до бомбардирањето на училиштето. Во нападот од 28 февруари загинаа повеќе од 165 лица, од кои голем дел биле деца, во првите часови од конфликтот.

Т.Д.