Изминатите дваесет години ЕУ се соочува со кризи кои се преклопуваа и меѓусебно се засилува, особено сега кризата во Украина, поради што реформирањето на Унијата ја надминува рамката на доброто функционирање на нејзините институции и ги засега прашања поврзани со нејзиниот идентитет и капацитет за акција.
Ова е ставот на академикот, Владо Камбовски, кој обраќајќи се на конгресот на Меѓународната асоцијација за проучување на Југоисточна Европа меѓу другото рече дека дебатата за реформирањето на Унијата неизбежно го опфаќа и проширувањето, при што Камбовски рече дека многу често тоа е субординирано од моменталните геополитички размислувања.
- ЕУ мора да го усогласи управувањето со кризи со долгорочни стратегии за интеграција. Да ја реафирмира својата посветеност кон земјите-кандидати и да го зајакне својот внатрешен капацитет за апсорпција на нови членки. Проширувањето не смее да биде злоупотребено од бирократски процедури. Условите без рационални основи за употреба на вето од некои членки треба да се решат билатералните спорови. Пример за тоа е ирационалното вето поставено од Бугарија кон Северна Македонија со предизвикување на македонскиот национален идентитет – јазикот и културата, кои се основните, универзални човечки вредности, не можат да бидат легитимни политички или билатерални спорови. Негирањето на идентитетот како највисок израз на самоопределувањето на поединците и луѓето креира опасен преседан кој го попречува развојот на пријателските односи и комуникација меѓу народите. Негативните консеквенци од вакво негирање станува уште повеќе се засилуваат низ инструментализација на науката, нејзините, совети, водена од академските истражувања, што предизвикува и непоправливи штети и за самата наука. Како научници ние сме одговорни да градиме мостови, рече Владо Камбовски, член на МАНУ.











