Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет

/

пред 274 дена

Сподели преку :

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски.

Откако претседателката на државата ги номинира Сузана Јошевска-Анастасовска заедно со професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ кои треба да ги пополнат испразнетите места на Весна Дамева и Милјазим Мустафа чиј мандат во Судскиот совет заврши.

„Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите, од медиумите. Претседателката е пред сè, правник, професор и не се сомневам во нејзиниот избор и верувам дека одбрала вистински професионалци, коишто ќе придонесат во работата на Судскиот совет. Секако, доколку ја добијат довербата од Собранието“, одговори Камбовски на новинарско прашање.

За новиот Закон за судски совет, тој рече дека се надеваат оти ќе придонесе за поефикасно работење.

Јошевска-Анастасовска: Ќе работам за зголемување на довербата во судството