Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камерите на 300 метри од капелата, забрана за дронови – протокол за етичко известување од погребот во Кочани

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Владата во координација со министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), ги утврдија протоколите за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан во Кочани.

Претставниците на медиумите ќе бидат сместени во зона на 300 метри оддалеченост од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. На оваа зона важи забрана за дронови.

Целта на овој протокол е да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.