Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кампањата на Трамп поднесе жалба против Харис поради средствата за реизбор на Бајден

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа поднесе жалба до Федералната изборна комисија, тврдејќи дека потпретседателката на САД, Камала Харис не може легално да бара средства собрани од кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден.

Американскиот претседател, кој беше во тесна трка со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп, ја поддржа Харис откако во неделата објави дека нема да се кандидира за втор претседателски мандат.

Харис ја презеде контролата врз сметките за кампањата на Бајден и ги доби ветувањата на мнозинството делегати кои ќе го одредат претседателскиот кандидат на партиската конвенција следниот месец.

Борбата за банкарската сметка, на која имаше приближно 95 милиони долари на крајот на јуни, е дел од повеќекратните напори на републиканците да ја спречат Харис да стане лидер на демократската листа.

Кампањата на Трамп тврди дека Харис извршила „безобразна проневера“.