Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кампања на млади правници: Земјоделството, градежништвото и сточарството се сектори со најголем ризик од трудова експлоатација

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Земјоделството, градежништвото и сточарството се сектори со најголем ризик од трудова експлоатација. Ова е само една од пораките на презентацијата на документот за јавни политики „Сезонската работа- плодна почва за трудова експлоатација“ во рамки на кампањата „Твоите права се засадени“ што ја спроведува македонското здружение на млади правници, во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во рамки на проектот на УСАИД за заштита на права на бегалци и мигранти.

Чести се случаите на ангажирање сезонски работници во овие сектори со усни договори и без почитување на договореното.

Експертите алармираат и на важноста од работата на синдикатите за заштита од трудова експлоатација, што им се случува и на сезонските работници кои заминуваат да работат во странство.