Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Карате репрезентативката Бојана Манева на своја инцијатива им помага на лицата со попреченост

/

пред 1596 дена

Сподели преку :

Македонската репрезентативка во карате и фитнес тренер Бојана Манева еднаш во неделата е во сала со лицата со попреченост над 18 години. Една година се дружи и спортува со нив, а општината од април преку проектот „Физичка активност за сите“ ја поддржува да работи со лицата, кои се корисници на Дневниот центар на Центар за подршка на лица со интелектуална попреченост(ЦПЛИП ) „Порака.

Среќни се што еден ден во неделата се во фитнес салата со Бојана, еден од нив е и Игор, лице со Даунов синдром, за кој неговите другари и другарки велат дека  многу знае за компјутерите, но и најдобро од сите ги  прави склековите.

Вработените во Дневниот центар за подршка на лица со интелектуална попреченост(ЦПЛИП ) „Порака“ порачаа  дека идејата на Бојана е вистински погодок за 17 лица, кои се нивни корисници.

Во дневниот центар лицата со посебни потреби над 18 години учат вештини за полесно да се самостојни. Вработените сметаат дека се менува свеста кај родителите за да ги вклучат своите деца во ваквите центри. Знаат да пазаруваат, готват, а сега со Бојана и да спортуваат низ забава.

Викторија Јованова