Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Касами: Здравство најверојатно за кадар на ВМРО-ДПМНЕ, за „Вреди“ друг ресор

/

пред 519 дена

Сподели преку :

По најавата на Арбен Таравари дека излегува од Владата, лидерот на Беса и коалициски партнер во „Вреди“, Билал Касами, изјави дека се разгледуваат нови комбинаторики за испразнетите министерски позиции. Касами не ја исклучи можноста министерството за здравство да го преземе ВМРО-ДПМНЕ, додека „Вреди“ би добил друг ресор. Неофицијално се спомнува образованието.

Тој истакна дека договорот помеѓу „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ останува цврст и најави дека наскоро владејачкото мнозинство ќе се зголеми со нови пратеници, вклучително и од редовите на албанската опозиција.

Касами го обвини Таравари дека дејствувал како „тројански коњ“ во Владата и предизвикувал внатрешни тензии. Сепак, изрази уверување дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците ќе останат во владејачката коалиција.

Таравари ја напушта Владата – неговата Алијанса за Албанците оди во опозиција