Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во раните утрински часови го привеле 43-годишниот Д.П. од Кавадарци, откако бил фатен како управува возило под дејство на алкохол.
При рутинска контрола на патниот сообраќај, полицијата го запрела неговиот „фолксваген голф“ со кавадаречки таблички, а по алкотестирањето било утврдено дека има 2,31 промили алкохол во крвта.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, возачот бил веднаш лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.











