Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе ги опфатат сите земји, 2 април ќе биде „Ден на ослободување“ – Трамп за американските царини

/

пред 562 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека реципрочните царини што ќе ги објави во текот на неделата, ќе ги опфатат сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.

Трамп истакна дека 2 април, кога ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, ќе биде „Ден на ослободување“.

„Би почнале со сите земји и ќе видиме“, истакна Трамп, кој претходно воведе царини на алуминиумот, челикот и автомобилите, а ја зголеми и царината на увозот за сите артикли од Кина.

Според него, царините се начин за заштита на американската економија од нефер глобалната конкуренција и преговарачки адут за подобри услови за САД. Но, загриженоста за трговската војна влијае врз финансиските и стоковите пазари и создава страв од рецесија во САД.