Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез да не им пркоси на САД.
„Ако не го направи она што е исправно, ќе плати многу голема цена, веројатно поголема од Мадуро“, изјави претседателот на САД, Трамп за порталот Атлантик.
Трамп порача дека нема да го толерира она што гоопиша како нејзино пркосно отфрлање на оружената интервенција на САД која резултира со апсење на Мадуро.











