Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе полни вода од Турија, ќе гаси на Готен – чешкиот „Блек Хок“ во секој момент ќе полета кон Берово, словенечките пожарникари на готовс

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен, каде ќе се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна.

Екипажот утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.

Покрај чешкиот „Блек Хок“, во земјава пристигна и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила. Меѓу нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.

Пожарот на планината Готен се смета за еден од потешките пожари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 7 часот утринава активни се три пожари, а пет се под контрола. Изгаснати се 20 пожари.