Обвинителството на денешниот брифинг со новинарите кој се уште трае објави дека за случајот- убиства во Старо Нагоричане ќе се бара уште една ексхумација, без да дадат попрецизни податоци. Освен тоа дека веќе е формиран тим од правосудна полиција и од СВР Куманово за што побрзо да се соберат докази.
Инаку осомничениот сериски убиец беше приведен и одредена му е мерка притвор на 10-ти февруари, откако беше пронајдена последната негова жртва 78-годишна жена од Старо Нагоричане. Обвинителството нареди ексхумација и на 35-годишната жена која претходно на сличен начин била пронајдена мртва во нејзиниот дом во истото село.
Обдукцијата и ДНК анализата покажала дека и двете се жртви на 25-годишниот Трајко од селото Драгоманце. Според извори на Телма се истражуваат и два случаи од лани и еден од почетокот на годинава. Сепак за сега нема одговори од институциите, како никој не истражувал насилна смрт. Има и две пријави за обид за убиство на жени, но исто така не се истражувале. Телма веќе објави дека осомничениот бил проблематичен уште како средношколец, напаѓал девојчиња и следел вработени во училиштето, а бил пријавуван и во полицијата и кај социјалните служби.
Дигитална обработка: T.Д.











