Советот на јавните обвинители денеска на седница треба да донесе одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство – Скопје.
На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.
Седницата првично беше закажана за 18 март годинава, но беше одложена.











