Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе запре ли епидемијата на ботокси и филери на диво од нестручни лица? – прифатена иницијативата од фелата само лиценцирани доктори да вршат интервенции

/

пред 607 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство ја прифатило иницијативата за законски измени на Законот за јавно здравје, со кои естетската медицина како аплицирање ботокс, филери или корекции со употреба на ласер, да може да се врши само во медицински установи и од медицински лица. Ова на шестиот симпозиум за естетска медицина кој се одржува денеска во Скопје го соопштил заменик министерот за здравство, Јовица Андовски информираа од трите здруженија кои ја поднесоа иницијативата – здружението за естетска медицина, на дерматовенеролози, асоцијацијата МАПРЕХ, поддржани од Стоматолошката комора на Македонија.

„Ние очекуваме деновиве, како што беше најавено утринава од претставниците на Министерството, заменик министерот, Јовица Андовски, беше овде и рече дека создаваат работни групи, во тек се формирање работни групи во самотот Министерство, во координација, се разбира со законодавниот дом, на кои работни измени ќе работиме, се надевам, заеднички, сите здруженија коишто се инволвирани во фелата“, изјави дерматологот д-р Анџелка Илиева, Здружение за естетска медицина.

Здруженијата, како што вели специјалистот за пластична и реконструктивна хирургија д-р Игор Пеев, се подготвени да помогнат во подготовка на законските измени.

„Ние како фела и како Здружение, секако како и другите две здруженија коишто ни се приклучија на иницијативата сме овде и расположени да седнем заедно и да најдеме соодветен начин за регулирање на оваа проблематика“, вели Пеев.

За тоа колку е алармантен проблемот во Македонија со нестручно и во несоодветни услови аплицирање на ботокс и филери, но и други третмани кои спаѓаат во естетска медицина, а кои поради недореченеста и нејаснотии на актуелниот закон се спроведуваат надвор од медицински установи, според Илиева покажува тоа што на некои клиники барем еднаш неделно се јавува пациент со тешка инфекции како последица на тоа.

„Процентот се уште го немаме како точна бројка, збориме кај нас во Македонија, се уште немаме регистар. Се уште не ерегулирано како што е тоа во соседна Србија каде што лакарото е должен да пријави компликација настаната од надрилекар кога пациентот веќе ќе дојде и ќе бара помош. За жал кога ќе дојдат веќе пациентите, за некои е веќе доцна и компликациите се посериозни“, вели Илиева.

Во регионот состојбата е различна. Во Србија направени се законски, по што, како што велат од      состојбата е подобрена, но оти борба против надрилекарството во естетската медицина не е завршена.

„Бројот на случаи дефинитивно се намали. Бројот на компликации кои ги лечевме, за среќа успешно, помогна во тоа. Се подигна многу свеста кај луѓето за тоа. Но она што е најбитно е поддршката од државата, државните институции и органи кои треба да ја работата својата работа и да го спроведат тоа до крај“, вели д-р Бранислав Лукиќ, потпретседател на Здружение СЕСИАМ од Србија.

Сепак предзивикот во Србија, останува како што велат од српското здружение, нелегалнотот практикување на медицинска естетика по домови, козметички салони и нелегални објекти.

„Законот е јасен кој и каде смее да работи и дека тоа никогаш не било во прашање, но она на што ние најногу работиме е едуцирање на луѓето, односно на пациентите, тие да знаат дека секогаш можат да проверат далчи некој доктор е навистина доктор и каде одредени процедури можат да се прават“, вели д-р Ана Маливуковиќ од Србија од Здружението СЕСИАМ.

Во Бугарија неодамна 13 жени завршија во болница поради надрилекарство со аплицирање на ботокс, од кои едната жена се уште се наоѓа на респиратор, а друга на апарати поради оштетен хранопровод. Бугарските лекари сметаат дека причината за ваквите состојби е поради немање регулатива за примена на естетската медицина.

„Последните години естетската медицина се јавува како една многу сериозна медицинска субспецијалност и од многу одамна естетската медицина не е козметика. Од многу одамна тоа не се косметички процедури, туку сериозни терапии“, вели д-р Радина Денкова, дерамтолог и меѓународен тренер од Бугарија.

Решението за ова Денкова  го гледа не само во носење регулатива, туку и во заедничка регионална акција на лекарите кои практикуваат естетска медицина за сузбивање на нелиценцирани и шверцувани производи, како и надрилекарството.

Инаку од шестиот регионален симпозиум на естетска медицина кој се одржува во Скопје, беше највено напуштање на трендот на предимензионирање на лицето или како што уште го нарекуваат „балканизација“ на лицетот и враќање на кон природниот изглед и здрав изглед на кожата.

Тамара Грнчароска