Аркан Керим од Сојузот на стопански комори на Македонија, во вечерашната Топ Тема говорејќи за проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор додека чека на стратегија од државата како и во кој правец ќе го развива, за субвенции за странски туристи или развивање на домашниот пазар, истакна дека е потребна поголема ангажирабност од институциите.
„Срамота е, потребни се минимум 20-30 милиони евра. Ние очекуваме “инкам“ од милијарда евра приход од државата. Со еден милион што ќе рекламираме? Приватниот сектор повеќе ќе постигне преку реклама. Мора да се одвојат повеќе средства. Тоа е потребно да го направат институциите“, вели Керим.











