Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ќерка ти е повредена, потребна е операција за вградување на шипки“ – измамен 77-годишен жител на Виница за 430.000 денари

/

пред 277 дена

Сподели преку :

Седумдесет и седумгодишен жител на Виница вчера пријавил во полиција дека бил измамен од лице што се претставило како лекар. Лицето го известило дека неговата ќерка била наводно повредена и дека е потребна операција со вградување на шипки, по што побарало пари за „третманот“.

Според пријавата, измамникот ја зел сумата од над 430.000 денари на неколку договорени локации. По враќањето дома, човекот контактирал со својата ќерка и сфатил дека бил измамен. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Граѓаните се повикуваат на внимание при примање на телефонски повици од лица кои бараат пари за наводни здравствени интервенции.