Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски во Директно: Фондот за здравство во основа е стабилен- животниот век се продолжува, а се помалку имаме работоспособно население

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Во вечерашната емисија на Телма „Директно“ на прашањето дали Фондот за здравство е стабилен или преживува од година в година, директорот на фондот Сашо Клековски рече дека тој во основа е стабилен бидејќи оваа година во однос на минатата имавме рекордно зголемување од 100 милиони евра и во моментот буџетот на Фондот е околу 900 милиони евра.

  • Секако дека треба да се гледаат долгорочните позиции на Фондот и тука има два предизвика, првиот е дека животниот век се продолжува и тоа е добрата вест, лошата е дека ќе има се повеќе издржувани лица, а се помалку работоспособно население кое ќе придонесува во здравствениот фонд. Но продолжениот животен век не значи неминовно здрав животен век, значи ние ќе имаме многу луѓе кои ќе живеат долго меѓутоа ќе живеат болни со големи потреби за здравствена заштита, истакна Клековски.

Според него проекциите на СЗО дека ниту еден фонд во развиениот свет нема да биде одржлив доколку не го промениме нашиот животен стил- без физичка активност, без пушење, без алкохол не може да очекуваме дека ќе живееме здрави животи кои ќе бидат финансиски одржливи за здравственото осигурување. Затоа треба да ги имаме предвид овие аспекти на долгорочната одржливост.

  • Друго се пак очекувањата на јавноста малкумина знаат дека просечното излевање од Фондот на месечно ниво е околу 3.000 денари или околу 50 евра месечно или 600 евра годишно. Ако се вклучат издржуваните лица, тогаш од 600 евра годишно паѓа на 420 евра. Со толку издувување на средства ние сме на претпоследното место, а зад нас е само Албанија. За споредба просекот во Европа е околу 4.000 годишно, а во развиените земји тој е многу повисок, посебно северните земји, рече Клековски.

Директорот на Фондот во „Директно“ истакна дека ние сега очекуваме европски резултати, а финансирањето ни е претпоследно во светот.

  • Да истакнам дека еден просечен пушач во Македонија, 45% од возрасните луѓе се пушачи, а извојуваат повеќе средства за цигари годишно отколку за здравствено осигурување. Значи од една страна ќе имаме зголемена потреба, од друга страна ние во моментот издвојуваме ниско при што придонесите не се опција, зголемувањето на придонесите не се опција затоа што ќе нема кој да плаќа придонеси, бидејќи нема работоспособно население. Ние веќе во овој момент имаме финансиски издвојувања надвор од придонесите, класичен пример се надоместоците за породилните отсуства кои ги плаќаат министерствата за економија и труд, како буџетска дотација преку соодветна програма, рече Клековски.