Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски: Во оваа фаза консензус за уставните измени не е возможен

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

Политичкиот аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во вечерашната Топ Тема, вели дека лично нема ништо против внесувањето на останатите етнички заедници во Уставот, но смета дека е неблагодарно да се ставаат во ист кош Бугарите со Хрватите и Црногорците.

И покрај тоа што барањето за Бугарите во Уставот е поставено на крајно непријателски контекст, и ги ставаме во ист кош со Хрватите, кои ниту еднаш низ историјата не кажале нешто навредливо за Македонија, постојано биле на страната на Македонија, многу, многу пред Југославија да постои, и имаме основа за реципроцитет бидејќи имаат гарантирани со Устав права во Хрватска, и етничките Македонци и етничките Албанци. Имаат заштита, државно финансирање, има нова православна црква во Загреб, а од друга страна сите ги ставаме во ист кош. Смета Клековски.

Според него противењето произлегува од фактот што никој не може да гарантира дека ова ќе биде последното барање на патот кон ЕУ.

Ние сите ќе бидеме среќни ако Холандија ни стави вето затоа што ќе изберат лош јавен обвинител за организиран криминал. Би биле пресреќни да затоа нѐ блокираат. Нас не плаши дека ќе не блокира Јотова, која ќе рече „па кои се тие Македонци?“ И тоа во Битола ќе го каже, и тоа ќе се премолчи, вели Клековски, додавајќи дека не може да види дека постои искрена желба за добрососедство од бугарската страна.

Клековски го повтори ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во оваа фаза не е возможен консензус за прашањето за уставни измени и единствен излез се предвремени парламентарни избори.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими, пак смета дека решавањето на ова прашање е неизбежно, иако можеби ВМРО-ДПМНЕ засега сака да го одложи.

Мислам дека и јавноста треба да се подготвува, не само од политичките партии туку и од сите чинители дека ова нема да биде последна блокада, ова нема да биде последната отстапка која ќе мораме да ја направиме како држава. Тој процес е доста сложен и ние не можеме да мислиме дека нема да се појави некоја друга држава, како што е примерот со Албанија, каде се појави Холандија со барање за поголема борба против криминалот и корупцијата. Тој пат ќе биде доста тежок, смета Селими.

Според него, предвремените избори не се решение, а опозицијата би имала најмала корист од нив.