Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клучната битка со пожарите е на планината Готен

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Седум активни, четири под контрола и 38 изгаснати пожари во последните 24 часа. На терен се тимовите на ДЗС и Национални шуми, пожарникарите и над 100 припадници на АРМ, двата ер трактори и хеликоптер на МВР како и голем број од модифицираните возила за гасење пожар.

Активни пожари се кај Липково, два во Македонски Брод, еден во прилепскиот регион каде се испратени и пинцгауери како и припадници на АРМ а повторно се реактивираше пожарот кај Желино.

„На овој пожар ДЗС ангажираше едно специјализирано возило БТР и едно возило хермелин ск цистерна со капацитет од шест тони за поддршка на копнените сили. На територија на Општина Македонски Брод има два активни пожари – еден кај село Грешница каде гори мешана шума и сува трева и уште еден активен има помеѓу селата Локвица и Крапа со која е зафатена деградирана дабова шума и ниска вегетација“ изјави Надица Вчкова, ЦУК.

Клучната битка со пожарите е на планината Готен каде пожарот повторно доби на интензитет и по два крака се шират кон Берово и Радовиш. На терен се над 250 припадници на „Национални шуми“, ДЗС, АРМ и локалните противпожарни единици како и голем број на возила – цистерни и пинцгауери а попладнево ќе пристигнат и неколку модифицирани хермелини и БТР кои од утре ќе бидат вклучени во гасењето на пожарот. Таму се дејствува и од воздух со два ер трактори и со еден полициски хеликоптер.

„Најголемата маса на луѓе е стационирана на потегот на врвот Готен каде 120 луѓе од страна на Берово ја бранат линијата на огнот. Другиот крак што се шири пониско кон Берово засега тешко се става под контрола затоа што тој крак навистина се движи кон една површина која е тешко пристапна, многу густа и пред се смрека и висока трева која е навистина горлив материјал. Другата линија која оди јужно кон селата Сушево и Злеово која е подалеку, сепак таму имаме капацитети, значи се работи за 10 луѓе, комбинирана екипа од ТПЕ јавното претпријатие „Македонски шуми“ Радовиш коишто се трудат онаму кадешто има патна инфраструктура да го пресечат огнот“ соопшти Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“.

Линијата на огнот само на еден крак кон Берово е  еден и пол километар а станува збор за висока букова шума. Дополнителен проблем е силниот ветар кој претставува огромен ризик за тимовите на терен, особено на оние кои се на првата линија.

Од УХМР информираат дека топлиот бран кој ја зафати Македонија ќе се задржи до сабота и на голем дел од територијата температурите ќе се движат над 40 степен.

Огнен Чанчаревиќ