Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коалицијата на Макрон води пред парламентарните избори во јуни, покажуваат анкетите

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

Партијата за преродба на францускиот претседател Емануел Макрон и нејзините сојузници се очекува да победат на парламентарните избори следниот месец. Ова го покажуваат податоците од студијата на агенциите Ипсос и Сопра Стериа, објавени во весникот Ле Монде.

На врвот на анкетата за француските намери поврзани со првиот круг од изборите е коалицијата околу Макрон (Преродба, центристичко Демократско движење и десноцентристичка партија Хоризонти) со 28 отсто од гласовите. Следува блокот Новиот народен, еколошки и социјален сојуз, кој ги обединува Бунтовничката Франција на Жан-Лук Меланшон, Зелените, социјалистите и комунистите со 27 отсто од гласовите. Дваесет и еден процент се очекува да добие екстремно десничарското Национално собрание.

Гласањето ќе се одвива во два круга – на 12 и 19 јуни.