Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцарев: МАНУ е целосно маргинализирана институција, доведена до раб на опстојување

/

пред 1462 дена

Сподели преку :

Целосно маргинализирана институција, доведена до работ на опстојување, со недоволно вработени на клучни места во административната дејност и со вработени кои имаат најниски плати во однос на сите вработени во јавните институции во државата. Само слика на она што се случува во образованието, науката и уметноста, рече првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев за состојбата на највисоката научна институција со која раководи.

За илустрација, вработените во МАНУ во однос на вработените во институциите од областа на културата на истите работни места имаат, речиси, двојно пониска плата, секретарот на Академијата има речиси 20 проценти помала плата од државниот секретар на било кое министерство, иако станува збор за највисоката институција во државата во областа на научната и уметничката дејност, и за институција од рангот буџетски корисник како и министерствата.

Сепак, и покрај ваквата состојба во која се наоѓа денес МАНУ, и по квалитет и по квантитет е светски препознатлива институција, додава Коцарев. Во рамките на одбележувањето на Денот на МАНУ беше доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Павол Жиго и Каролин Снајвели.

Нина Стефанова