Граѓанските активисти и жители на Кочани сè уште го блокираат патот до депонијата за возилата со отпад од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, додека кочанските ги пуштаат.
Денеска од Штип, вицепремиерот Николоски најави дека Владата ќе обезбеди финансиски средства за уредување на депонијата во Кочани со цел да се реши проблемот со кој се соочуваат кочанци со години наназад, а тоа е чадењето и загадувањето на воздухот.











