Кочани е збор на годината. Кочани годинава со огромна трагедија се впиша, со крвави отпечатоци во ДНК на Македонија.
Пулс кој е знак на живот, срцебиење, предизвика трагедија од невидени размери, чии последици со години ќе ги чувствуваме и гледаме. На 16-ти март преку ноќ, на музички концерт изби пожар кој збриша 63-ца млади животи. Над 200 се повредени и ги чувствуваат раните.
По пожарот почна истрага која потрча по корупција и направи обвинение со огромен број на луѓе. А на родителите чии деца загинаа, прашањето беше- зошто не сите, туку само некои одговараат за корупцијата, за празнината која им ја создаде негрижата на општеството.
Истрагата си кажа дека обвинети се само оние за кои се нашле докази дека се поврзани со пожарот и корупцијата во објектот кој лажно се претставуваше како кабаре за забава.
Почна и судењето кое не се знае кога ќе заврши. Судење поради кое најблиските на жртвите ќе може да ги постават прашањата на кои никој не сака да даде одговор, зошто, како, колку жртви треба. Ниту им одговорија ниту некој призна вина пред транспарентот со оние што загинаа.
Одговорите ги бараа и во Собрание, на која публиката која треба да ги даде одговорите ја снема пред да ги чуе прашањата.
Кочани и дадената жртва треба да излезат на патеката на опоравување- нешто што е тешко без да се заборават 63 млади животи. Уште е тешко да се направи забава додека правдата е спора за уништената генерација, а животот на новите генерации минува без внимание додека многумина вртат глава на она што се случи во градот.
Нови строеви млади ќе растат со сеќавање на генерацијата која згасна на 16-ти март, постарите ќе се прашуваат зошто кај нас, а целата држава ќе го учи Кочани како голема тешка лекција по историја, за безвремената жртва на Кочани дадена во име на сите нас.
Миомир Серафиновиќ
Б.С.











