Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кочоска: Годинава економскиот раст 2,1, до година повеќе

/

пред 717 дена

Сподели преку :

Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4 отсто.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка.

А, во последната  прогноза Светска банка миантата недела, Македонија ја впиша како земја со најлоша економија годинава, но и во следните две. Загрижени се и за влијанието на заемот од Унгарија врз јавниот долг.

Од банката очекуваат 2024  да се заврши со скромен раст од само 1, 8 отсто. Ова е пониско од пролетната проекција од 2,5 проценти.

Една од причините за ваквите бројки е тоа што, иако се очекувало да започне реализацијата на Коридорите 8 и 10 Д тоа не се случило.

Во однос на буџетскиот дефицит, во интервјуто Кочоска наведува дека преку ноќ не може да се постигнат фискалните правила за буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% и дека е потребно време за да се консолидира.