Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски го примил предлогот за разрешување: Процесот започнува во Советот на јавни обвинители

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители му го достави на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски предлогот за негово разрешување, кој беше инициран од Владата. Предлогот се базира на наводи според кои постои сомнеж за неговата непристрасност како и за судир на интереси. Според овие наводи, Коцевски не се изземал од овие предмети, што довело до започнување на процесот за негово разрешување.

Коцевски има право да се произнесе на предлогот за негово разрешување во рок од 15 дена, според Законот за јавно обвинителство.  Ако Советот не се произнесе во овој рок, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. Постојат можности за продолжување на рокот за уште 15 дена, доколку постојат оправдани причини за тоа.

Во јавноста се изнесуваат различни ставови, иако Владата уште не го објавила целосниот текст на предлогот. Крајната одлука за разрешување ќе ја донесе Собранието на Република Македонија, при што за разрешување на Коцевски ќе бидат потребни 61 гласо од пратениците. Во процесот, Коцевски има право да присуствува на седницата и да изнесе свои аргументи пред народните избраници.

Изминативе месеци, Коцевски беше подложен на бројни критики од страна на политичките субјекти, кои го обвинуваат за наводни политички влијанија и неправилности во постапувањето во одредени случаи. Тој пак тврдеше дека за цел свој мандат работел според закон.