Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коцевски: Истрагата за Артан Груби е завршена, чекаме само негова екстрадиција

/

пред 329 дена

Сподели преку :

Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција, ова го изјави  јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски. Според него, сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но немаат информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.

За констатацијата во извештајот на Европската комисија за земјава дека „корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за сериозна загриженост“, Коцевски за 360 вели дека за борба против оваа појава треба да се создадат услови што значи дека се потребни истражители, истражни центри и форензичари кои ќе можат тоа да го работат.

На прашањето дали Јавното обвинителство го дава максимумот во борбата против корупцијата, имајќи ги предвид ваквите наводи во документот од ЕК, Коцевски вели дека Обвинителството дава повеќе од максимум.

-Верувајте, затоа што еве, и јавноста знае со какви предмети се соочуваме, со каков вид на висока корупција се соочуваме, уверува Коцевски.