Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Десет деца се водат како исчезнати во земјава, најголем дел се од Куманово

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Елиф, Петар, Рената, Мирсада и Дане, Митат, Џелил, а на листата се приклучи и Вања. Ова се имињата на децата и малолетниците објавени на веб-страницата на МВР како исчезнати.

Некои од нив се бараат и повеќе од деценија. За ниту едно од нив нема ниту трага.

Се појавувале информации дека се во Сирија или во Германија, но никогаш не се пронајдени.

Вкупно десет деца помлади од 18 години се водат како исчезнати. Најмногу, од нив се од Куманово.