Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Досега само 7 осомничени полициски службеници за дела поврзани со кабарето во Пулс

/

пред 552 дена

Сподели преку :

Од полициските редови, досега има само 7 осомничени за дела поврзани со кабарето во Пулс, а никој од началниците кои биле на функција кога се случи пожарот досега не е осомничен за пропустите.

Во вечерашното издание КОД открива дека во полициските архиви уште во ноември 2022-ра е доставена проблемска информација за инцидентите, кривичните дела и прекршоците кои се поврзани со кобното кабаре Пулс.

Во таа полициска проблемска информација имало и предлог да се одземе лиценцата на кабарето- но 5 месеци подоцна повторно е издадена.

Во КОД и за економско-даночните операции на сопственикот на кабарето Пулс, како и за странските несреќи и пожари слични на кочанската трагедија и кои се нивните искуства со отстранување на државните и општествените пропусти кои водат до многу невини жртви. КОД е во редовниот термин по вечерните вести.