Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД открива: Колкави отпремнини ќе добијат 7-мина поранешни членови на УО на ЕСМ

/

пред 606 дена

Сподели преку :

КОД открива колкави отпремнини ќе добијат седумтемина поранешни членови на Управниот одбор на ЕСМ. Искеширале по, речиси, 40.000 евра поради предвремено раскинување на менаџерските договори. Отпремнина од околу 45.000 евра му следува и на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, но не стигнал да потпише и да ја добие, затоа што е во притвор. Осомничен е за злоупотреби токму во фирмата која треба да му се „заблагодари“ за досегашната работа.

Речиси сите јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост потпишуваат менаџерски договори со директорите. Поволностите им следуваат на сите, без разлика каков успех покажале во работата, па дури и дали се сомничат дека со криминал ги оштетиле претпријатијата.

Во КОД ќе гледате и како ЕСМ, односно поранешен ЕЛЕМ, е акционерско друштво без акционери. Од основањето вработените имаат право на 10 отсто акции, но никогаш не ги добиле. Во КОД и за салата за свадби и венчавки во Визбегово, за која државна Лотарија искешира 400.000 евра за кирии, а директорот избега пред кривична пријава.