Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Први сомнежи дека пожарот во Трубарево е подметнат

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Во истрагата за пожарот во Трубарево има првични сомнежи и индиции дека бил подметнат, открива КОД во своето вечерашно издание. Обвинителството и полицијата ги проверуваат тие сериозни наводи, а истрагата бара и утврдува дали при работењето на електронскиот отпад во Трубарево биле почитувани и законските прописи за ангажирање на лиценцирани експерти.

Една од насоките на истрагата е и проверка на дозволите за работа на отпадот кој бил сместен во поранешни штали на земјоделско стопанство веднаш до Трубарево.

Во вечерашното издание на КОД и разговор со професорот Валентин Мирчески кој вели дека најголем проблем по Трубарево е горењето на пластиката која има најголемо влијание врз здравјето на граѓаните.

Колку диви депонии има во скопско и кои се најжешките и најопасни точки за животната средина- во КОД кој е на програмата на Телма веднаш по вечерните вести.