Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД со детали од истрагата за инцидентот во Ист Гејт мол, најдени 7 чаури, склопен ДНК профилот на извршителот

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно ауди без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Газибаба, ова се детали од истрагата кои ги дознава КОД.

Егзекуторот од Ист гејт Мол кој во заседа застрела двајца меѓу кои и Раде Трајковски-Штекли оставил траги кои се пронајдени и се анализираат.

Во вечерашната емисија КОД повеќе и за мотивите на новиот напад врз Штекли на истото место во преполниот трговски центар, дали инцидентот е поврзан и со обезбедување на казина.

Речиси 15 години во Скопје трае војната на два нарко клана Дуќанџик/Грчец и Беланоца/Барон која е интензивирана последната година кога загинаа најмалку 5-мина припадници на двете банди.

Во КОД и интервју со скопскиот обвинител Гаврил Бубевски за спорите истраги и за правните пречки во битката со насилните нарко-кланови во главниот град.

Емисијата е во редовниот термин по вечерните вести на Телма.