Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колариќ за случајот во ОУ „Димо Хаџи Димов“: Глоба се изрекува, колкава ќе биде ќе зависи од категоријата на операторот

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Глоба се изрекува, колку ќе биде глобата, зависи во која категорија е операторот со храна, вели Светлана Колариќ од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со случајот со ОУ „Димо Хаџи Димов“.

„Затоа што имаме микро трговци, мали, средни, големи. Во која категорија е, тоа одредува Централниот регистар, во тековната состојба е категоризирано. Во зависност од категоријата, толкава ќе биде и глобата која што ќе треба да ја плати операторот со храна“, појасни Колариќ.

С.Д.