Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колумбија погодена од силен земјотрес

/

пред 496 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди централниот дел на Колумбија, соопштија властите. Засега нема пријавено повредени или загинати. Епицентарот бил на 17 километри североисточно од градот Паратебуено, кој се наоѓа југоисточно од главниот град Богота.

Според американската геолошка служба, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Колумбиската геолошка служба пријави дека неколку минути по главниот потрес се почувствувани и дополнителни помали земјотреси со јачина од 4 до 4,6 степени во истиот регион.

Колумбија се наоѓа во таканаречениот Тихоокеански огнен прстен, регион познат по чести сеизмички и вулкански активности.