Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комисијата за европски прашања веќе даде зелено светло за измени во три од петте закони потребни за изградбата на коридорите 8 и 10д

/

пред 1244 дена

Сподели преку :

Уште еден од пакетот пет закони кои се носат со европско знаменце за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д, влезе во забрзаната собраниска процедура и тоа со експресно завршен прв ден од расправата во траење од еден час и десет минути. Расправата за измените на Законот за експропријација се водеше во речиси празната сала „Борис Трајковски“ во која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ аргументираа зошто законот не треба да биде донесен, тврдејќи дека со законот се изедначуваат легално изградените со нелегално изградените објекти долж трасата на автопатите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои поднесоа три амандмани на предлог законот, ја спореа и финансискат рамка од 300 милиони евра дадена од владата за чинење на експропријацијата .

Министерот за финансии Фатмир Бесими беше единствениот кој денеска го бранеше предлог-законското решение.

Расправата за предлог-законот за експропријација пред Комисијата за европски прашања ќе продолжи в понеделник, кога и ќе се гласа по трите поднесени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ.

Тамара Грнчароска