Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конгресот на САД го забрани „DeepSeek“

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Канцелариите на американскиот Конгрес се предупредени да не ја користат кинеската апликација за вештачка интелигенција „DeepSeek“. Оваа информација ја пренесе американскиот портал „Axios“, повикувајќи се на известување испратено од главниот административен директор на Претставничкиот дом.

Во известувањето се наведува дека „DeepSeek“ во моментов е подложен на проверки од страна на надлежните. Појавата на евтин кинески модел за вештачка интелигенција ја загрози доминацијата на пазарот на американските лидери со вештачка интелигенција. Кинеската компанија за развој на вештачка интелигенција „DeepSeek“ објави отворена верзија на својот модел R1, кој привлече големо внимание во Силиконската долина, бидејќи напредниот модел по некои параметри е подобар од американските производи и во исто време е направен по значително пониска цена.

Денеска пак италијанската управа за заштита на податоци покрена истрага против кинескиот стартап за вештачка интелигенција, забранувајќи и да ги обработува податоците на италијанските корисници. Италијанскиот регулатор соопшти дека ја донел оваа одлука бидејќи добил „целосно несоодветни“ одговори од компанијата на нејзините прашања за употребата на лични податоци.

Не знае кој е македонски премиер, крие кинеска историја, но ги урна американските берзи за трилиони долари- Кинеска AI DeepSeek