Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржуваат денеска косултативна средба за францускиот предлог на преговарачка рамка со ЕУ.
Ковачевски на прашањето на Телма, како ќе го убедува Мицкоски, кусо одговори дека ова е консултативна средба а не средба за убедување, додека Мицкоски најави изјава по крајот на средбата.











