Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конзервативниот сенатор Мајк Ли тврди дека Рубио му потврдил дека Мадуро е уапсен за да му се суди во САД

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Американскиот сенатор од Јута, Мајк Ли, изјави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, го информирал дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро бил уапсен за да му се суди по кривичните обвинувања против него во Соединетите држави.

Ли потврди дека разговарал директно со Рубио.

„Ме информираше дека Николас Мадуро бил уапсен од американски сили за да му се суди за кривичните обвинувања во САД и дека „кинетичката акција“ која ја видовме во текот на ноќта била извршена со цел да се заштитат и одбранат лицата кои постапиле по налогот за апсење“ – напиша Ли на социјалната мрежа X.

Конзервативниот сенатор од Јута пренесува и дека Рубио му кажал дека не очекува дополнителна акција во Венецуела сега кога веќе Мадуро е во американски притвор.

Николас Мадуро и 14 официјални претставници на Венецуела беа обвинети од американското министерство за правда за нарко-тероризам, корупција и трговија со дрога во март 2020-тата година, во текот на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.