Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Стефан Богоев и Ки-Донг Ким

Корејски грант од 4,8 милиони долари за македонската Царина

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Јужна Кореја одобри грант од 4,8 милиони долари за развој и имплементирање на систем за управување со ризици и податочен склад во Царинската управа на Македонија. Меморандумот за соработка го потпишаа директорот на Царината Стефан Богоев и Ки-Донг Ким, директор на Бирото за информатички и комуникациски технологии во корејската Царинска служба.

Ваков систем е особено важен во време кога зависиме од брза размена на податоци, вели директорот Богоев.

„Воспоставувањето на овој систем ќе овозможи подобро таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката“, рече Богоев.