Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Корубин: СДСМ како да беше отсутна од изборниот циклус, глумеше избор ама де факто избор не постоеше

/

пред 348 дена

Сподели преку :

Во политичката дискуција, за жал, СДСМ повеќе не може да ја третираме според улогата што ја има, туку според степенот на штетата што ја прави врз сите политички процеси, вклучително и со нејзиното нечинење на политичката сцена, рече Никица Корубин, аналитичарка и поранешна пратеничка, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Ние имаме втор последователен изборен циклус, парламентарните и претседателските пред година и пол и сега локалните избори, каде што практично како СДСМ да беше отсутна од изборниот циклус. Формално, фактички беше присутна и го заземаше просторот, потенцијалниот, глумеше избор што евентуално гласачите би го имале наспроти ВМРО-ДПМНЕ, наспроти ЗНАМ, наспроти Левица, ама де факто избор не постоеше. Де факто суштина и срж не постои“, смета Корубин.

Мнозинската волја на локалните избори, според неа, е неизлезноста.

„Педесет и еден посто е неизлезноста, ние зборуваме за малцинската волја. Тоа, нормално, во демократија не значи дека избраните немаат легитимитет, не значи дека не треба да им се честита на успехот и не значи дека добро го одиграле тоа, меѓутоа ова е само продолжение, вклучително и улогата што ја има СДСМ, само што е дискутабилна според мене и веќе сериозно проблематична“, вели Корубин.

С.Д.