Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошта: Време е за гаранции за Украина, слични на членот 5 на НАТО

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Моментумот за безбедносни гаранции за Украина е растечки, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по средбата во Вашингтон на дел од европските лидери со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп, односно Володимир Зеленски.

Украина инсистира на безбедносни гаранции за мировен договор со Русија за одвраќање на евентуални идни напади од Кремљ. Зеленски силна украинска армија, вооружена и обучена од западните партнери. Се заговараат гаранции слични на членот 5 на НАТО кој се однесува на колективна одбрана во случај на напад на било која членка на Алијансата. Но, засега е нејасно како би функционирало тоа.

Европските лидери стравуваат дека територијалните амбиции на Москва нема да запрат во Украина и силно се посветени да го придобијат претседателот Трамп на своја страна.

Тој, пак, порача дека ќе помогне во обезбедување на заштита, но не се осврна на американски трупи на терен, туку вети „координација“. Русија ја отфрла идејата за трупи на НАТО во Украина.