Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовските Срби на протест побараа да не се отвора мостот на Ибар

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби.

На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот на Ибар им се обрати поранешниот претседател на судот во Митровица, Никола Кабашиќ, кој ги повика граѓаните Срби, исто како денеска, и во иднина да ги уриваат одлуките на, како што ја нарече општинската власт, „принудната управа“ во Северна Митровица.

– Секој пат кога тие ќе носат одлуки кои одат на штета и се спротивни на волјата на граѓаните тука, ние ќе се собираме на истото место и со аклмација ќе усвојуваме дека со тоа не се согласуваме, рече Кабашиќ.

На протестот беа истакнати транспаренти со пораките: „На мостот го браневме опстанокот, сега го браниме исчезнувањето!“, „Ако Курти го отвори мостот, КФОР и Квинтата ќе бидат одговорни за сé!“, „Додека ЕУ и САД пишуваат соопштенија, нас не протеруваат!, „Бараме КФОР да не заштити“.

На протестот беше забележано незначително зголемено пртисуство на косовската полиција.

Не е регистриран никаков инцидент и граѓаните мирно се разотидоа откако беше прогласено завршување на собирот.