Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коста од Софија: Ја разбирам фрустрацијата во Северна Македонија, договореното треба да се исполни, но важно е и да се гради доверба

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Претседателот на Европскиот Совет, Антионио Коста, на вечерашната прес конференција со бугарскиот Премиер, Росен Жељазков, изјави дека верува дека по изборниот период во Северна Македонија, ќе може повторно да се разговара и да има придвижување на процесот за зачленување во ЕУ.

„Северна Македонија чека долго време на овој процес. Јас ја разбирам нивната фрустрација. Тие веќе го сменија Уставот еднаш, го сменија знамето, дури го сменија и името на земјата и природно очекуваа дека би можело да се конкретизира процесот на зачленување. Но, тоа што е одобрено, веќе е одобрено. Тоа што е договорено, веќе е договорено. И тие треба да испорачаат. Но истовремено, многу е значајно да се гради доверба и да се увери Северна Македонија, дека тоа што го бараме сега, не е само нешто што го бараме сега а потоа ќе бараме да прават и нешто друго. Тоа е разумно и важно е да се гради доверба“ – изјави Коста.

Од своја страна, бугарскиот премиер, Жељазков, изрази надеж дека, како што рече,  јазикот на омразата во Северна Македонија ќе престане и почитувањето на правата на бугарското малцинство, вклучувајќи го и внесувањето во Уставот на Северна Македонија ќе бидат исполнети, затоа што тоа е предусловот нашата држава да продолжи по патот кон полноправното членство во Унијата.

Истовремено, тој подвлече и дека апсолутно неоправдано и непотребно е покренувањето на иницијативата во Уставниот Суд на Македонија за оценувањето на потпишаниот Протокол кон договорот за добрососедство, кој предвидувал секоја година да се прави преглед на исполнувањето на договорот.