Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Костадиновски му пишал на Гаши за измените на КЗ 

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Претседателот на Уставен, Костадиновски  му пишал на претседатлеот на Собранието Гаши  дека е истечен рокот од шест месеци кој Уставниот суд му го остави на Собранието да се усогласи со ставовите на Судот. Покрај потсетувањето прашал и дали се коригирани спорните измени на КЗ .

„Во дописот е побарана информација  дали е постапено по укажувањето на Уставниот суд, односно дали Собранието се усогласи со стојалиштата во Решението на Судот“  – велат од Уставниот суд.

Две години функционерските злоупотреби на службената положба се гонат и казнуваат по спорните и драстично пониски одредби а и покрај многуте најави, промени немаше а ниту собранието не постапи ниту во рокот што му го даде уставниот суд. Собранието го подготвува одговорот .

„Ќе има одговор до Претседателот на Уставниот суд, г. Костадиновски, во врска со писмото поврзано со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година и истечениот рок за усогласување. Ќе бидете информирани кога ќе биде доставен официјалниот одговор до Уставниот суд“ – соопшти македонското Собрание.

Уставен кој поведе постапка во февруари најави дека по истекот на рокот ако собранието не се усогласи ке донесат одлука за укинување или поништување на  законските измени.

Сега  му дадоа шанса на Собранието да се произнесе

Од Собранието за Телма минатата недела одговорија дека работната група задолжена да постапи по решението на Уставен ја завршила својата работа и чека предлог измени од владата но за сега нема конкретна иницијатива стасано во законодавниот дом.

На 6-ми септември 2023 со европско знаменце без јавна расправа беа донесени измените на КЗ за кои имаше многу реакции и од експертската јавност но и од меѓународната заедница.

Со нив во вода паднаа 10-тици предмети од организиран криминал но и против функцонери. Застареа повеке предмети на СЈО како ТНТ против Груевски, Таргет за прислушувањето против Мијалков, Траекторија за кинеските автопати .

Елена Ивановска Мукоска