Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент – Европската народна партија, Социјалистите и демократите и Обнова – се договориле да ги отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за напредокот на Македонија, што треба да се гласа на пленарната седница на ЕП од 7 до 10 јули… Информацијата ја потврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој рече дека овие формулации не припаѓаат во документи од ваков тип и дека создаваат поделби… Според Ковачев, македонските власти ги користат овие теми за внатрешнополитички цели, посочувајќи го премиерот Мицкоски и неговите изјави за „многувековниот идентитет и јазик“… Тој оцени дека таквиот пристап има за цел политички поени пред локалните избори, со прикажување на „триумф над источниот сосед“, и повика Македонија да се држи до Договорот со Бугарија и да ја деблокира работата на историската комисија… Иако првичниот извештај, подготвен од европратеникот Томас Вајц, содржи референци за македонскиот јазик и идентитет, со најавените амандмани на пленарната седница тие најверојатно ќе бидат отстранети…