Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Мапите со Голема Албанија се задоцнети 145 години и не се релевантни

/

пред 1062 дена

Сподели преку :

Ставањето на картата на Голема Албанија во село Сопот е задоцнета најмалку 145 години, изјави премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за музејот кој викендов беше отворен во кумановското село, а во кој беше поставена мапа на голема Албанија.

Додава дека таа е ставена на приватен имот, не било побарано никаква дозвола од општина Куманово. И таква карта ги отсликува односите на Балканот и ја има во секоја држава во регионот.

  • Сметам дека она што ние го имаме како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. После 2001 година и по влегувањето во НАТО, ние имаме други релевантни мапи, а тоа се мапите на НАТО и наскоро мапата на Европа. Се друго е задоцнето, изјави Ковачевски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов во Сопот отвори музеј во кој главен експонат е знаме со карта на Голема Албанија со делови на Македонија, Србија и Грција. Истата картата е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.

На Фејсбук Ахмети објаснува дека се работи за спомен обележје на 64 убиени Албанци во 1944, но во музејот се изложени фотографии и од команданти на УЧК од Косово како Адем Јашари, но и ликови од воениот конфликт во Македонија, вклучително и самиот Ахмети во униформа.