Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Оставка ќе си поднесам во четврток

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Премиерот Димитар Ковачевски пред новонарите рече оставката ќе си ја поднесе во четврток.

Ковачевски и целата влада од четврток наутро ќе бидат во оставка, со цел до полноќ во недела Македонија да добие техничка влада, рече премиерот , кој посочи дека има време да се завршат сите процедури во законски предвидените рокови.

Оставка во четврток се очекува да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе седне на местото на Ковачевски.

На седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ, Јован Митрески за нов претседател на Собранието, а потоа Џафери ќе го добие мандатот за премиер на државата.

Во недела на полноќ (28 јануари) земјава треба да добие трета преодна влада која ќе ја предводи Талат Џафери, актуелен претседател на Собранието.

Оваа Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори.

За Вестите на Телма во 12.30 се јави Тамара Грнчароска