Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски уверува дека се преземаат сите мерки зимата да се преброди со доволно енергенси, без проблеми и рестрикции

/

пред 1544 дена

Сподели преку :

Министерството за финансии работи и денес, на неработен ден, на дефинирање на конкретни мерки со кои ќе се ублажи новата кризна состојба на пазарот за струја, уверува премиерот Димитар Ковачески.

Со нејзиното  прогласување, односно од месец август, Владата ќе им помага на стопанството и на граѓаните со 76 милиони евра, средства определени со ребалансот на Буџетот за 2022.

Штом ќе бидат готови мерките ќе бидат презентирани пред јавноста, вели Ковачевски.

Ковачевски вели дека веќе е започнат дијалогот со стопанските комори, донесени се првите одлуки за обезбедувањето на топлинска енергија на градот Скопје, како и на електрична енергија во доволни количини за граѓаните и за компаниите. Ако има недостатоци ќе се се врши увоз.

Предходната кризна состојба на пазарот на струја заврши во јуни, и тогаш за антикризните мерки беа инкасирани над 170 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите.

Данијела Билбилоска